Стратегија за успех во Македонија
Која е вистинската стратегија за да се успее во Македонија? Зошто е тешко да се успее овде?
Суштината се сведува на две работи: што е дефиниција за успех, односно кој услов да биде задоволен, кои цели остварени, за да кажеме дека сме успеале? И второ, како планираме да ја постигнеме целта/успехот?
Ако не знаеме каде сакаме да стигнеме, каде и да стигнеме постојано ќе сме на погрешно место. Затоа потребно е да дефинираме каде сакаме да стигнеме, кои промети сакаме да ги оствариме, кои услуги ги нудиме, кои производи ги произведуваме, колкава екипа сакаме да бидеме итн. Ги дефинираме датумите до кога сакаме тие да бидат остварени и кој член од екипата треба да биде задолжен за секоја цел. Кога се движиме кон успехот, не треба да не мотивира само крајната цел, туку и попатните, мали успеси и решавања на проблеми. И нормално, постојано да си задаваме нова, поинаква, подобра цел.
Што е предизвикот во овој случај? Да се формира правиот тим! Луѓе со иста визија и ентузијазам не се наоѓаат туку-така. Ако добро ја нацртаме големата слика и ако сме доследни на нашите зборови и ветувања, тогаш тие ќе се приклучат и ќе ја имаат истата визија. Сè друго доаѓа само по себе.
Проблематично е што немаме од каде да научиме кои се чекорите. Како и се друго во Македонија, работиме на обид и грешка. Учиме од интернет, следиме светски трендови. Многу време посветуваме купувајќи курсеви и вебинари и на крај, кога сакаме да го пренесеме тоа во македонски услуви – е прескапо или не носи резултати. Затоа е круцијално да го поставиме правецот во следење на светски трендови, но прилагодено на македонски услови. Користењето на консултанти кои следеле милион видеа на YouTube нема да вроди плод, бидејќи не биле доволно време во „калта“. Теоретски се е лесно, но како што вели Цацко: „Ела напрај го да те видам“.
Tрендовите кои драматично ќе го променат дигиталниот маркетинг во 2021 година
Додека гледаме кон 2021 година која ни е на прагот, треба да се запрашаме: Кои промени во однесувањето на потрошувачите и која маркетинг стратегија ќе имаат позитивно влијание во поглед на подобрување на условите и успехот на компаниите и потрошувачите?
Постои причина да гледаме позитивно на иднината во дигиталниот свет. Постојат дигитални канали кои што имаа големи користи од целата ситуација и треба да ги следиме позитивните примери.
Ваков пример е Zoom, компанија која што доживеа вртоглав раст на акциите во време на пандемијата.
Во продолжение ќе ги разгледиме трендовите за кои предвидуваме дека драматично ќе го променат дигиталниот маркетинг во 2021 година:
Однесувањето на потрушувачите постпандемично драстично ќе се промени
Иако ќе бидат потребни дополнителни напори и истражувања за да се предвиди однесувањето на потрошувачите и интернет корисниците, она што е извесно е дека компаниите и брендовите ќе мора да претрпат драстични промени во својот приод кон пазарот и кон своите потрошувачи.
Традиционалниот тип на настани како и посетата на продажните салони ќе се промени во поглед на “новата нормалност”, што ќе донесе драстично зголемување на организирањето на виртуелни настани и зголемување на онлајн продажбата.
Бизнисите ќе бидат приморани да се дигитализираат
Целата ситуација со пандемијата ги примори компаниите да се дигитализираат.
Голем број компании во светот почна да инвестираат големи средства во дигитални платформи, е-комерција, чет ботови, емаил маректинг и комуникација, апликации, вештачка интелигенција и слично. Овој тренд и дополнително ќе продлжи во текот на 2021-та.
Општествена и етичка одговорност и свесност за заштита на околината и животната средина од страна на компаниите и брендовите ќе процветаат
Истражувањата покажуваат дека деловната етика ќе биде во фокус како област за која компаниите до сега многу малку размислуваа и инвестираа. Изненадувачки, во последно време се повеќе брендови практикуваат анти-конзумеризам, како пристап кој во минатото не беше воопшто ни логичен.
Маркетингот со инфлуенсери ќе ја зацврсти својата позиција како клучен канал за потрошувачки бренд
Потрошувачките брендови историски гледано ги користат инфлуенсерите во своите кампањи, а пандемијата си го направи своето, па со рестрикциите за физичко купување, значително се зголеми и така големото влијание на инфлуенсетите врз своите следбеници, односно потрошувачите.
Ние веруваме дека 2021 ќе биде полна со оптимизам, со фокус на дигитализација и дигиталните услуги, а потрошувачите ќе се стремат кон побрзо и поедноставено онлајн искуство.
Зошто вашиот бизнис треба да биде на социјалните мрежи?
Првото прашање што треба да се одговори е прашањето зошто?
Тоа зависи од вашите цели. Дали сте на социјалните мрежи за да ги промовирате вашите продукти? За да привлечете посетеност на вашиот веб сајт? Или да ги опслужите вашите клиенти?
Во принцип, постојат 9 цели:
- Зголемување на свесноста за брендот
- Привлекување посетеност на вашиот веб сајт
- Создавање на потенцијални клиенти
- Раст на приход (преку нови членови или продажби)
- Подигање на брендовиот ангажман
- Градење на заедница околу вашиот бизнис
- Нудење на клиентски услуги
- Зголемување на вашето присуство во печат
- Слушење на муабети околу вашиот бренд
Веројатно би имале повеќе од една цел, и тоа е во ред.
Обично, би било добро да се даде фокус на неколку цели освен ако немате тим, каде што повеќе луѓе или групи работат во тимот на различни цели.
Бизнис без дигитален маркетинг – не денес!
Очигледно е дека сите промени, добри и лоши, доведоа до оваа ситуација. Незамисливо е денес да постои бизнис кој не размислува за дигитален маркетинг. И сите оние кои имале фантастични резултати ќе бидат принудени да се прилагодуваат и со промените да останат во игра. Убав пример е автомобилската индустрија: Тесла има иновативен пристап каде моделите се направени како мобилен телефон, се е на допир и немаат класични продажни салони. Најпрво сите помислуваат дека тоа е невозможно, но Тесла е сепак најбрзорастечката компанија за автомобили.
Слично може да се констатира за многу други бизниси. Во светот, состојбата со пандемијата покажа дека е време сите бизнис-модели кои не можат да се модернизираат или дигитализираат треба што побрзо да се затворат за да нема додатни последици. Единствено во неразвиените земји се случува државата да интервенира во спасување на тврдокорните бизниси, со изговор вработените да бидат згрижени и слично. Но ова е неуспешна практика, бидејќи со задолжувањето преку кредити за неколку години ќе дојде до уште поголем колапс.
Секој бизнис-лидер кој сака да остане конкурентен на пазарот и да биде во чекор со се што е „ин“ треба да размисли во кои сегменти може да се имплементира автоматизација, нови технологии и дигитален маркетинг.
На што треба да внимавате при промовирање на вашиот бренд?
Покажете ги вработените
Нема ништо посимпатично од промовирање на брендот од насмеано, среќно лице.
Многу често, компаниите објавуваат фотографии од team building дружби каде што најчесто не се препознаваат индивидуални лица. Иако тимските фотографии можат да бидат многу забавни, не потценувајте ја моќта на индивидуалниот кадар.
Раскажувате за новостите, но не ги споделувате поводите за славење
Како компанија соработувате со клиенти и/или партнери, па сигурно постојат интересни приказни поврзани со нив и заедничката соработка. Успешен производ, наградувана услуга и слични успеси вреди да се прослават не само внатрешно, туку и преку социјалните медиуми.
Таму, не споделувајте само долго здодевно соопштение за публиката за лансирање на апликација или за финансирање за старт ап. Всушност, добро е ако го направите тоа, но, размислете и за некои други начини за претставување на таквата приказна. Не пишувајте со многу висок стил на изразување бидејќи тие текстови најчесто не поминуваат добро на социјалните медиуми.
Го споделувате забавниот дел од работата и не обрнувате доволно внимание на споделувањето на вашите вештини
Дали некогаш сте се запрашале зошто некој талентиран човек би сакал да се приклучи на вашата компанија? Конкурентна плата? Добар ручек? Не баш! Повеќепати, талентираните индивидуи одлучуваат да станат дел од некоја фирма поради нивната желба да растат професионално и да гледаат како компанијата расте поради нивниот придонес и вложување.
Затоа, погрижете се да му покажете на светот дека вие сте оние кои „вдомуваат“ интелектуалци и професионалци во својата област. Следете го едноставното правило – талентот привлекува талент, без разлика дали е директно или индиректно. Запаметете, задолжително е да покажете дека имате луѓе со кои вреди да се работи.
Зошто дигитален маркетинг?
Прво, затоа што е најисплатливата опција. Сите вложени средства се насочени на вистинското место и ги таргетираат вистинските луѓе.
Видео информациите имаат огромна предност пред сè останато.
Лесно се следат резултатите, а и лесно се остварува директна комуникација со потрошувачите.
Мобилните уреди ги носиме со себе постојано, а социјалните мрежи се најчестата занимација на луѓето во слободно време. Токму затоа, неопходно е да бидеме присутни на сите мрежи, на што повеќе канали.
Новите генерации се комплетно посветени на мобилните апарати, социјалните медиуми и секој предизвик првично се трудат да го решат со помош на дигитални алатки: шопинг, нарачување храна и сл.