Секој кој што има каков било допир со социјални медиуми, приватно или професионално, е засегнат да ја зачува својата приватност и безбедност во виртуелниот свет. Иако секојдневно сме сведоци дека нашите „паметни“ гаџети знаат повеќе за нас и за сè што не опкружува, на моменти изгледа застрашувачки па дури и наметливо.
Наша должност, како маркетинг акенција е да ви ги доближиме актуелните случувања од дигиталниот свет, со цел да бидете подготвени и обучени да се соочите со се што може да го најде патот до вашите канали на социјани медиуми, мејл адреси или апликации за комуникација.
„Спамерите“, или оние што се обидуваат од вас да извлечат пари или лични информации користат најразлични методи и канали за комуникација. Ги одбравме најчестите и најшироко распространети, да ги споделиме со вас за да може да ги препознаете кога ќе ги сретнете.
„Фишинг“ методите се толку усовршени што честопати не ни може да препознаете дека се работи за измама.
Го прилагодуваат и јазикот на комуникација до вашиот за да звучат поуверливо и поубедливо, но сепак постојат одредени елементи по кои ќе ги препознаете и ќе ги избегнете!
- Го прилагодуваат и јазикот на комуникација до вашиот за да звучат поуверливо и поубедливо, но сепак постојат одредени елементи по кои ќе ги препознаете и ќе ги избегнете!
- Доколку добиете меил или порака со неверојатно примамлива понуда со која „наеднаш“ ќе се збогатите, брзи и лесни пари со само еден клик или пак линк до страница која ќе ви овозможи брза заработка – блокирајте го контактот и/или направете консултација со нас.
- Ако добиете порака или меил, па дури и повик кој ви нуди бесплатни производи и подароци, или пак примерок од некој скап производ или услуга за САМО 1 ДЕНАР –веќе знаете дека ниште не е бесплатно! Не наседнувајте и не споделувајте ги своите лични податоци и банкарски сметки.
- Секое барање за лични податоци и информации за вашиот бизнис под наслов: „правиме истражување на пазарот“ треба да го сметате за сомнително и спам.
Останете безбедни! Следете ги нашите препораки и не двоумете се да нè побарате и да се консултирате со нас секогаш кога ќе забележите нешто сомнително во вашите контакти и канали за комуникација.